
НОВА КЛИНИЧКА СТУДИЈА ЈА ПОТВРДУВА ЕФИКАСНОСТА КОЈА ИМА ПЕПТАНОТ ЗА УБАВИНА НА КОЖАТА И ЗА ЈАЧИНА НА КОСАТА
Компанијата „Rousselot“, која е составен дел на „Darling Ingredients“ и водечки производител на желатин и колагенски пептиги, ги објави резултатите од новата клиничка студија во врска со влијанието кое колагенските пептиди на Пептан го имаат на убавината на кожата и на јачината на косата. Како дополнителен аргумент во полза на силното портфолио на Пептанот, студијата открива дека оралното суплементирање со колагенски пептиди на Пептан значително придонесува кон подобрување на целокупната појава на кожата и косата различни етнички групи и популации.
Мазна кожа благодарение на колагенските пептиди
Едно клиничко истражување по случаен избор, кое беше двојно слепо и плацебо-контролирано а спроведено кај 60 здрави жени од Бразил на возраст од 45 до 60 години, во период од 90 дена, беше реализирано така што една група од 30 учеснички добиваа по 5g дневна доза на колагенски пептиди на Пептан од говедско потекло (Пептан Б), додека останатите испитанички консумираа плацебо контрола. Параметрите на карактеристиките на кожата во регионот на образите, околу носот, очите, устата, како и јачината на косата, беа разгледувани како појдовна основа пред суплементацијата и потоа уште еднаш, и тоа 45 и 90 дена по суплементацијата со користење на најсовремени техники.
Резултатите покажаа значителни подобрувања во целокупниот изглед на кожата, што се карактеризира со намалување на периорбиталните брчки за 13% и на назолабијалните брчки за 10%, како и со намалување на видливоста на порите во регионот на јаболчниците кај 57% од учесничките кои биле суплементирани со пептан. Во основата на овие набљудувања имаше јасно зголемување на густината на дермисот, кој содржи колагенски слој на кожата што обезбедува цврстина, и тоа по суплементирањето со пептан.
Нови научни докази за јачина на косата
Иако колагенот е познат по тоа дека промовира посилна и поздрава коса, досега не беше направена научна проценка во врска со овие придобивки за убавината. Оваа нова студија направи проценка на карактеристиките на косата со користење на текстурометар, пред и по суплементацијата со Пептан, при што јасно покажа зголемување на механичката сила на косата за 13% во групата со Пептан, во споредба со плацебо групата. Механичката јачина е поврзана со подобрените својства на кортексот на косата, што може да биде особено корисно во однос на стареењето на косата.
Проширување на научното портфолио на Пептан во однос на убавината на кожата
Новите научни докази го подобруваат разбирањето на предностите за убавината кои ги овозможува суплементот на колагенски пептид, и тоа на неколку начини. Досегашните клинички извештаи имаат покажано дека оралните суплементи со колагенски пептид на Пептан можат да ги намалат знаците на стареење на кожата така што ја подобруваат хидратацијата на кожата, нејзината еластичност и густината на дермалниот колаген. Студијата исто така овозможува дополнителни докази за ефикасноста на колагенските пептиди на Пептанот со говедско потекло, и тоа во помали докази. Со оглед на тоа дека истражувањето беше направено кај население во Бразил, кое има различни типови на кожа и коса, истото е дополнителен доказ дека Пептанот е ефикасен кај популација со различно етничко потекло, и со тоа ги потврдува претходните докази добиени од испитувања направени кај население со кавкаско и азиско потекло.
Асортиманот на колагенски пептиди на Пептан е безбеден, биоактивен и развиен преку оптимизиран процес на хидролиза, што ги прави колагенските пептиди високо биорасположливи и тие обезбедуваат насочени придобивки за клучните сврзни ткива на човечкото тело. Како водечки глобален бренд по избор, колагенските пептиди на Пептан имаат широка примена во нутрикозметички апликации и нивната популарност и понатаму се зголемува, и тоа кај оние производители кои сакаат да ги диференцираат своите производи, благодарение на богатството од витални информации обезбедени со обемното научно истражување спроведено од „Rousselot“.
За повеќе информации во врска со најновите научни истражувања на колагенските пептиди на Пептан, види белиот документ за Пептан: ‘Collagen peptides for promoting skin beauty and hair health’, достапен на https://www.peptan.com/about-peptan/downloads/collagen-peptides-for-skin-beauty-and-hair-health