Ефикасноста на колагенските пептиди во поддршката на здравјето на зглобовите е поддржана од повеќе научни студии

ОДРЖУВАМЕ ЗДРАВИ ЗГЛОБОВИ И КОСКИ
Како што луѓето уживаат во активниот животен стил и сакаат и понатаму да бидат подвижни, дури и на постари години, сè повеќе стануваат свесни за тоа дека грижата за здравјето на зглобовите и коските почнува од рана возраст. И ова не го чувствуваат само оние во поодминати години. Дури и оние што се најактивни во викендите (кои вежбаат еднаш или двапати неделно) честопати можат да почувствуваат оптоварување на зглобовите – а да не зборуваме за професионалните спортисти! Колагенот е клучна структурна компонента на ‘рскавичното ткиво и одржувањето на неговиот интегритет е од суштинско значење за одржување на здрави и флексибилни зглобови.
Коските се динамично ткиво кое постојано поминува низ добро избалансиран процес на разградување и обновување. Ова им овозможува да останат здрави и оневозможува појава на фрактури во текот на животот. 90 % од нашата органска коскена маса се состои од колаген. Колагенот обезбедува органска рамка во коските, на која се таложат минерали, и исто така придонесува за флексибилност и цврстина на коските. Состојбата на коските се влошува со стареење или поради одреден животен стил.
Како чист протеин, колагенските пептиди помагаат во одржување на здравјето на коските.