Што е Пептан?

Пептан е глобална водечка марка на колагенски пептид* во делот на производи на Rousselot's наменети за здравјето и исхраната. Пептан претставува биоактивен колагенски пептид кој е специјално развиен за да обезбеди повеќекратни здравствени придобивки и функционални својства. Пептанот може да го потпомогне здравиот начин на живот, што е докажано од бројни научни студии.

РАЗНИ ВИДОВИ ПЕПТАН

Запознајте ги нашите два вида на Пептан:

Пептиден колаген тип 1 и тип 2

Пептан е колагенски пептид тип 1 кој е од истиот тип како и оние што ги имаме во коските и кожата

Пептан е природен производ со висока чистота, кој содржи повеќе од 97 % протеини (сува тежина). Пептан е биоактивен колагенски пептид, а неговата хидролизирана форма го прави лесно сварлив за луѓето. Пептанот може да ја поддржи општата подвижност и убавината на кожата.

ПЕПТАН IIm

Пептан IIm е хидролизирана колагенска матрица тип II од природно потекло. Тој содржи хидролизиран колаген тип II во форма на биоактивни пептиди и гликозаминоликани (т.н. GAG). Неговиот уникатен состав ги има истите состојки како и оние што се наоѓаат во ‘рскавицата кај луѓето. Пептан IIm овозможува повеќекратни придобивки за здравјето на зглобовите ако се зема во мала доза секој ден.

ПЕПТАН ОДГОВАРА НА ВАШИОТ ЖИВОТЕН СТИЛ

Пептанот е лесен за употреба и совршен за оние што сакаат едноставен и иновативен начин на консумација, приспособен на Вашиот секојдневен начин на живот.

Одлично се раствора во студена вода. Прашокот Пептан може да го измешате во секакви пијалаци, како што се смути, млечни производи и друго.

Неутрален вкус и мирис. Пептанот може лесно да се вклопи во секакви рецепти што ви се допаѓаат.

Отпорен на топлина. Без разлика дали се додава во супа, топло чоколадо или во домашна торта, ќе уживате во истите придобивки за Вашето здравје.

ШТО Е ОНА ШТО ГО ПРАВИ ПЕПТАНОТ ДА БИДЕ ПРЕМИУМ ПРОИЗВОД

Пептанот се произведува од Rousselot со користење на најсовремени процеси и со непоколеблива посветеност на квалитетот, безбедноста и одржливоста.

ЗОШТО ТОКМУ ПЕПТАН?

Научно докажани поволности за здравјето.

Не правиме компромис во однос на квалитетот и безбедноста.

Пептан е премиум бренд на колагенски пептид кој е составен дел на многу крајни производи низ целиот свет.

Го има во целосен опсег: говедско, свинско, риба.

Едноставен за користење во кои било рецепти, со неутрален вкус и мирис и одлично се раствора во течности.

назад кон врвот