РИБЕН КОЛАГЕН – ПРОТЕИН КОЈ НАЈБРЗО ДЕЈСТВУВА ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕТО

Што всушност претставува рибниот колаген?
Рибниот колаген e протеин кој помага да се одржи здравјето и флексибилноста на: кожата, лигаментите, зглобовите, коските, мускулите, тетивите, крвните садови и косата. Рибниот колаген е тип I колаген кој е најизобилен колаген во човечкото тело. Карактеристично за тип I колаген е тоа што придонесува за поздрава кожа, коса, силни сврзни ткива и цврсти коски.

Покрај тоа што животинскиот колаген е исто така многу корисен, познато е дека пептидите од рибниот колаген имаат најдобра апсорпција во телото поради нивната помала големина на честички во споредба со другите животински колагени.

Колагенот од риба се апсорбира до 1,5 пати поефикасно во телото и има супериорна биорасположивост во однос говедскиот и кокошкиот колаген. Бидејќи се апсорбира поефикасно соодветно на тоа побрзо влегува во крвотокот и се смета за еден од најдобрите колагени и затоа се користи и за медицински цели.

Бидејќи колагенот од рибата се наоѓа во деловите кои немаме тенденција да ги јадеме како кожата и лушпите, таа замена може да се направи со рибен (морски колаген).
Колагенот се создава од кожата, коските и перките на слатководна или морска риба.
Бидејќи овие делови се сметаат за отпадни производи за време на обработката на рибата, нивното користење за создавање други производи помага да се намали загадувањето на животната средина.

Споредба на Рибниот колаген со другите видови на колаген:

Говедски колаген: Колагенот од говеда се создава од нивната кожа, коски и мускули. Направен е главно од колаген од типови I и III, што го прави одличен избор имајќи ги предвид дека овие два типа на колаген се најобилни во човечкото тело. Корисен е за производство на креатин, градење мускули и исто така му помага на телото природно да создава колаген.

Пилешки колаген: Типот на колаген што е најзастапен во пилешкиот колаген е тип II, кој е најдобар за зацврстување и флексибилност на ‘рскавица. Пилешкиот колаген овозможува да се подобри здравјето на зглобовите како и има големи anti-aging ефекти. Повеќето суплементи кои содржат колаген обично користат пилешки колаген односно тип II.

Рибен колаген: Со повеќе студии се докажа дека колагенот добиен од риба  најлесно се апсорбира во телото и обезбедува најчесто колаген тип I. Бидејќи тип I може да се најде низ целото тело, конзумирањето колаген од риба е поврзано со придобивки за зглобовите, кожата, виталните органи, крвните садови, варењето и коските.

Рибиниот колаген го успорува процесот на стареење на кожата. Колагенот кој се наоѓа во кожата почнува да се распаѓа и губи околу 20тите години. Како што старееме, ние продолжуваме да губиме колаген се повеќе, а воедно колагенот тип I сочинува 70% од нашата кожа, па затоа надополнувањето е важно за одржување здрава, еластична и младешка кожа.

Придобивки од колагенот:

1. Anti aging – Kолагенот од риба е колаген тип I, односно истиот колаген од кој се состои нашата кожа. Можните придобивки на кожата од конзумирање на овој колаген вклучуваат подобра, поголема влажност и спречување на формирање на длабоки брчки како и нивно пополнување. Бројни клинички испитувања ја покажуваат ефикасноста и придобивките од колагенските пептиди врз својствата на кожата, вклучувајќи хидратација, еластичност и намалување на брчките.

  1. Заздравување и регенерација на коските – Колагенот од риба има способност да го зголеми природното производство на колаген во телото. Во минатото, студиите покажаа дека колагенските пептиди од кожата на рибата може да имаат позитивен ефект врз здравјето на коските преку зголемување на коскената минерална густина.
  1. Лекување на рани – Колагенот од риба може да помогне во поефикасно заздравување на површни рани на кожата бидејќи му помага на телото да формира нови ткива побрзо.
  1. Зголемен внес на протеини – Со самото конзумирање на рибен колаген (морски колаген), не внесувате само колаген туку се што содржи колагенот. Колагенот од риба е над 97 проценти протеин без маснотии, шеќери или јаглехидрати, што го прави еден од најдобрите протеински суплементи. Со зголемување на внесот на протеини се намалува губењето на мускулите и се забрзува процесот закрепнување по физичка активност.
  1. Антибактериско дејство – Истражувањето во Канада објавено во 2016 година откри дека колагенот во рибата има уште една импресивна компонента: колагенцин, кој е антибактериски пептид. Оваа студија покажа дека колагенцин целосно го инхибира растот на Staphylococcus aureus, попознат како стафилокок или стафилокок инфекција.
назад кон врвот