ШТО Е ГОВЕДСКИ КОЛАГЕН И ЗОШТО ТРЕБА ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД ВАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ?

ШТО Е ГОВЕДСКИ КОЛАГЕН И ЗОШТО ТРЕБА ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД ВАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ?

 

Колагенот е најзастапениот протеин во човековото тело. За жал, постојат многу фактори што можат да влијаат на намалување на нивото на колаген. Тоа е најизразено околу 20тите години.Со самото стареење губењето на колаген се зголемува се повеќе, но тука се и ризик факторите како:
хормонални промени, алкохол, стрес, недоволен сон, пречесто изложување на UV зраци, дехидрација и траума кои го убрзуваат тој процес.

Иако постојат извори на колаген во храната, најчесто не се конзумираат деловите на животните каде што е најмногу концентриран колагенот. Поради тоа се препорачува да се конзумира суплемент како колаген.

Што точно значи тоа, што е говедски колаген и зошто треба да се погрижите да стане дел од вашето секојдневие?

Колагенот од говеда е исто така познат како колаген од говедско месо.
Говедскиот колаген е природен протеин што се наоѓа во ‘рскавицата, коските и кожата на кравите. Овој тип на колаген е многу сличен со она што го имаме во нашите тела и обезбедува колаген од типови I и III.

Колаген тип I и колаген тип III се главните компоненти на кожата, косата, ноктите, мускулите, тетивите, лигаментите, коските, непцата, забите, очите и крвните садови. Заедно, типот I и III колаген сочинуваат повеќе од 90 проценти од колагенот во нашите тела.

Колагенот од говеда е богат со аминокиселина глицин, неопходна за градење здрави нишки на ДНК и РНК. Ова се основните генетски градежни блокови за правилно функционирање на телесните клетки. Глицинот е исто така една од трите амино киселини што формираат креатин. Познато е дека креатинот создава здрав раст на мускулите и енергија при одредена физичка активност. Колагенот од говеда, исто така, обезбедува амино киселина пролин. Пролин игра клучна улога во способноста на телото да произведува сопствен колаген.

Придобивки од говедскиот колаген:

  1. Помага во третирање на остеоартритис – Многу истражувања укажуваат за позитивното влијание на колагенот во третирање на болестите на коските и зглобовите како артритис. Ваквата состојба на зглобовите предизвикува трошење на ‘рскавицата, што доведува до болка. Бидејќи ‘рскавицата е составена од колаген, редовното конзумирање на говедски колаген може да помогне во нејзино обновување.
  1. Ја подобрува цревната флора – Колагенот содржи витални амино киселини, кои се корисни за целиот гастроинтестинален систем.  Истражувањата покажуваат дека една од овие амино киселини, глицин го подобрува варењето на храната со зголемување на желудечната или желудочната киселина. Оваа киселина е основна дигестивна течност произведена во стомакот. Преку употреба на говедски колаген се зголемува ниското ниво на киселина во стомакот,а со тоа следува и подобро варење на храната и намалување на воспалителни процеси.
  1. Ги гради мускулите – Говедскиот колаген е структурен протеин што се наоѓа во кравите, и затоа претставува висок извор на протеини. Поконкретно, говедскиот колаген содржи типови I и III колаген, кои се најдобрите типа колаген за конзумирање кога станува збор за oпоравување по одредена физичка активност како и закрепнување на мускулите.

Колагенот тип I и колагенот тип III претставуваат потпора за тетивите и лигаментите. Со конзумирање на колаген пред или по физичка активност можете да му помогнете на вашето тело да закрепне подобро и побрзо.

  1. Влијае на подобрување на сонот – Направени се многу студии на луѓе и животни кои покажуваат дека глицинот влијае на невротрансмитерите на начин што обезбедува поквалитетен сон, правејќи го колагенот од говеда природен причинител за подобар сон.
  1. Го подобрува квалитетот на кожата – Кога се зема внатрешно, колагенот навистина може да го подобри целокупното здравје на вашата кожа, правејќи одличен природен производ за нега на кожата. Говедскиот колаген помага да се формира еластин и други соединенија во кожата кои се одговорни за одржување на составот, текстурата и изгледот на кожата.

Колагенот активно влијае на намалување на видливите знаци на брчки, подуеноста и други знаци на стареење. Кај многу луѓе се јавува намалување на целулитот кога конзумираат храна и суплементи кои содржат колаген, бидејќи целулитот се формира поради недостаток на сврзно ткиво.

Како да откриете кој тип на колаген е најдобар за вас?

Иако кај луѓето природно се создава колаген, со староста тоа ниво се намалува. Ова може да доведе до стареење на кожата и промени со здравјето на мускулите и зглобовите. Колагенот може да биде говедски или морски. Говедскиот колаген се јавува со типови I и III, морскиот колаген со типови I и II. Ова е причината зошто користењето мулти-колагенски комплекс кој содржи неколку извори е идеално. Друг важен фактор што треба да се земе предвид кога купувате додатоци на колаген е неговата апсорпцијата. Кога конзумирате колаген преку храна и суплементи, како морски колаген, или говедски колаген, вашето тело само го разложува и го користи правилно овој комплексен протеин.

Дигестивниот систем го разградува колагенот во поедноставни, покорисни форми на пептиди и амино киселини. Потоа, овие помали молекули се апсорбираат во тенкото црево во крвта, каде тие се распоредуваат и повторно се собираат во колаген.

Колагенот може да биде конзумиран на различни начини како во смути, природни сокови или вода и чај. Во споредба со желатинот, кој претставува варен облик на колаген што се наоѓа во храната колагенот во прав има пократки синџири на амино киселини што го прави полесен за варење.

назад кон врвот