Опис
Peptan® говедски колаген е тип 1, 100 % колагенски (хидролизиран) пептид без никакви додатоци, произведен по француска технологија.
Тип 1 е најчестиот тип на колаген, кој сочинува и до 90 % од органската коскена маса и опфаќа голем дел од нашата кожа, заби, тетиви, лигаменти, васкуларна лигатура и органи.
НАЧИН НА УПОТРЕБА
Peptan® говедски колаген тип 1 е лесен за употреба и е совршен за оние што сакаат едноставен и иновативен начин на консумација, приспособен на Вашиот секојдневен начин на живот.
Може да се употребува во кој било дел од денот, пред, со или после јадење. Прашокот Peptan® говедски колаген тип 1 може да го измешате во секакви пијалаци, како што се смути, млечни производи и друго.
Peptan® говедски колаген тип 1 може лесно да се вклопи во секакви рецепти што ви се допаѓаат. Без разлика дали се додава во супа, топло чоколадо или во домашна торта, ќе уживате во истите придобивки за Вашето здравје.
Количината од 250гр е препорачана месечна доза.