Апр 28, 2026

Колаген за кожа: зошто убавината навистина почнува однатре

Skin care woman with hands portrait  skin closeup cosmetic age concept. Color background blue

Секоја жена во одреден период забележува промени на кожата. Се појавуваат ситни брчки, кожата станува помалку еластична, а тенот не изгледа толку свеж како порано. На пазарот има многу креми и серуми, но сè повеќе внимание се посветува и на тоа што внесуваме во телото. Токму тука доаѓа колагенот за кожа. 

 

Колагенот е важен за изгледот на кожата 

 

Кожата се состои од три слој, а најважниот за цврстината и еластичноста е средниот слој — дермот. Во него се наоѓаат колагенот тип I и тип III, кои ѝ даваат на кожата структура, цврстина и полн изглед. 

Кога телото создава доволно колаген, кожата изгледа поцврста, поеластична и посвежа. Но со текот на времето, природното производство на колаген почнува да се намалув. Најчесто тоа започнува по 25-тата година, а со годините овој процес станува уште поизразен. 

 

Освен возраста, на намалувањето на колагенот влијаат и други фактори како изложеност на сонце, пушење, стрес и нездрав начин на исхрана. Сето тоа може да придонесе кожата побрзо да ги покаже знаците на стареење. 

 

Зошто кремите не се секогаш доволни? 

 

Кремите и серумите можат да помогнат за хидратација и заштита на површината на кожата. Тоа е важно, но нивното дејство главно останува на надворешниот слој.

 

Колагенот што се нанесува преку крема не навлегува лесно до подлабоките слоеви каде што навистина е потребен. Затоа, сè поголем интерес има за орален колаген, колаген што се внесува преку пијалак или суплемент.

 

Кога колагенот е хидролизиран, тој е разложен на помали пептиди што телото полесно ги апсорбира. Потоа тие преку крвотокот стигнуваат до кожата, каде што можат да го поддржат создавањето на нов колаген, еластин и хијалуронска киселина. 

 

Што покажуваат студиите? 

 

Peptan® — состојката што се користи во Arboreal е испитувана во повеќе клинички студии. 

Во една студија (Proksch et al., 2014), жени кои земале 2,5 до 5 грама хидролизиран колаген дневно во текот на 8 недели покажале подобрување на еластичноста на кожата во споредба со плацебо групата. 

 

Во друга студија (Schunck et al., 2015), по 12 недели редовна употреба било забележано намалување на видливоста на брчките и подобрување на хидратацијата на кожата. 

 

Овие резултати покажуваат дека оралниот колаген може да биде корисен дел од рутината за нега, особено кога се користи редовно. 

 

Peptan® во Arboreal — поддршка одвнатре 

 

Arboreal содржи Peptan® B 2000 HD — хидролизиран колаген со мала молекуларна големина, што овозможува полесна апсорпција. 

 

Тој е богат со важни аминокиселини како глицин и хидроксипролин, кои се значајни за структурата и обновувањето на кожата. Токму затоа овој тип на колаген се користи како поддршка за поцврста, похидрирана и поеластична кожа. 

 

Како да извлечеш најдобар ефект? 

 

За подобри резултати, важно е нега на кожата да не се сведува само на еден производ. Најдобар ефект се постигнува со добра рутина и континуитет. 

 

Земај го Arboreal редовно, секој ден. 

 

Комбинирај го со витамин Ц, бидејќи тој е важен за создавање колаген во телото. 

 

Користи SPF секој ден, затоа што сонцето е еден од главните фактори за побрзо стареење на кожата. 

 

Пиј доволно вода и внимавај на исхраната. Хидратацијата и антиоксидантите имаат важна улога во изгледот и здравјето на кожата. 

 

Убавата кожа не зависи само од тоа што ставаме на лицето, туку и од тоа како се грижиме за себе одвнатре. Со текот на годините, природното ниво на колаген се намалува, но со правилна поддршка, добра исхрана и соодветна нега, можеме да ѝ помогнеме на кожата да остане поеластична, посвежа и похидрирана. 

 

Arboreal може да биде дел од таа секојдневна грижа, како практична поддршка за кожа која изгледа добро и се чувствува добро. 

Кошничка (0 производи)
  • Вашата кошничка е празна Browse Shop
Кошничка (0 производи)
  • Вашата кошничка е празна Browse Shop