ПОТРЕБА ЗА НАУЧНО ПОТВРДЕНИ РЕШЕНИЈА ВО ИСХРАНАТА
Без оглед во која фаза од животот се наоѓаме, сите сакаме да останеме здрави и убави што е можно подолго. Сепак, како што старееме, создавањето на колаген во нашето тело се забавува, што влијае на нашата подвижност и овозможува да се појават знаците на стареење.
Медицинските интервенции и козметичките операции можат да одвратат некои од ефектите од стареењето, но тие најчесто се краткорочни, инвазивни и имаат несакани ефекти. Додатоците во исхраната и функционална храна и пијалаци кои содржат биоактивни состојки како што се колагенски пептиди се развиени со цел за да го поттикнат нашето здравје и да помогнат во ослабувањето на ефектите од стареењето – сето тоа потврдено со научни докази.

ЗДРАВСТВЕНИ БЕНЕФИТИ
Ова се некои здравствени бенефити и научно поткрепени функционалности на колагенските пептиди на Пептан.
Убавина одвнатре
Спротивставување на процесот на стареење преку подобрување на структурата на колагенот одвнатре. Пептанот е една нова димензија на колагенската наука за убавината.
Вашата кожа и коса кажуваат многу за тоа кои сте, каков е вашиот животен стил, животната средина, исхраната, па дури и каков режим за нега на кожата практикувате. Надворешниот слој на кожата нè штити од ултравиолетовото (UV) зрачење, од штетни хемикалии и инфекции. Дермисот е многу подебел втор слој на кожа и тука ќе го најдеме колагенот. Колагенските влакна во дермисот обезбедуваат инфраструктура за еластинот, кој ја одржува еластичноста на кожата и за хијалуронската киселина која ја задржува влажноста. Стареењето прво се случува тука, пред да биде видливо на површината. Косата се состои од 65 – 95 % протеини. Како што старееме, можно е да дојде до слабеење на влакната на косата, што ги прави покршливи и тие изгледаат помалку сјајни.
Клиничките студии покажуваат дека колагенските пептиди на Пептанот го подобруваат изгледот на кожата и косата кај разни етнички групи и популации.
Спортска исхрана
Забрзување на закрепнувањето од вежбите, заштита на сврзните ткива за спречување на повреди. Пептан ви помага побрзо да продолжите со следната вежба.
Спортот има за цел одржување или подобрување на нашето ниво на функционирање и на кондицијата. За таа цел, мора да го одржуваме нашето тело во добра состојба, од аспект на силата и мускулната маса. Треба да бидеме свесни дека една програма за интензивна обука која има кратко време на заздравување го зголемува ризикот од повреда и истовремено ги зајакнува зглобовите, коските, тетивите и лигаментите – за да се спречи повреда. |
Со својот уникатен профил на аминокиселини, колагенските пептиди, инаку чист протеин, содржат високо ниво на аминокиселински глицин, хидроксипролин, пролин, аланин и аргинин – кои овозможуваат конкретни придобивки во спортската исхрана. Накусо кажано, тие овозможуваат повеќе придобивки поврзани со закрепнувањето и со поддршката на сврзното ткиво. (1) |
Со својот уникатен профил на аминокиселини, колагенските пептиди, инаку чист протеин, содржат високо ниво на аминокиселински глицин, хидроксипролин, пролин, аланин и аргинин – кои овозможуваат конкретни придобивки во спортската исхрана. Накусо кажано, тие овозможуваат повеќе придобивки поврзани со закрепнувањето и со поддршката на сврзното ткиво. (1)
Здравје на зглобовите и коските
Поддршка на оптималното здравје на зглобовите и коските за активен животен стил. Зајакнување на здравјето на зглобовите и коските со Пептан и откривање на нашиот нов производ – Пептан IIm кој е специјално наменет за здравје на зглобовите во вид на мали дози секој ден.
Како што луѓето уживаат во активниот животен стил и сакаат и понатаму да бидат подвижни, дури и на постари години, сè повеќе стануваат свесни за тоа дека грижата за здравјето на зглобовите и коските почнува од рана возраст. И ова не го чувствуваат само оние во поодминати години. Дури и оние што се најактивни во викендите (кои вежбаат еднаш или двапати неделно) честопати можат да почувствуваат оптоварување на зглобовите – а да не зборуваме за професионалните спортисти! Колагенот е клучна структурна компонента на ‘рскавичното ткиво и одржувањето на неговиот интегритет е од суштинско значење за одржување на здрави и флексибилни зглобови.
Коските се динамично ткиво кое постојано поминува низ добро избалансиран процес на разградување и обновување. Ова им овозможува да останат здрави и оневозможува појава на фрактури во текот на животот. 90 % од нашата органска коскена маса се состои од колаген. Колагенот обезбедува органска рамка во коските, на која се таложат минерали, и исто така придонесува за флексибилност и цврстина на коските. Состојбата на коските се влошува со стареење или поради одреден животен стил.
Како чист протеин, колагенските пептиди помагаат во одржување на здравјето на коските.
Здраво стареење
Да ја одржиме подвижноста, физичката добросостојба, да бидеме активни што е можно подолго и грациозно да старееме со Пептан.
Без разлика дали имате 55, 65 или 75 години, активно се занимавате со разни спортови или едноставно сакате да продолжите со вашите секојдневни активности, како што се шетање куче или прошетка во парк, она што Ви е потребно е функционален мускулно-скелетен систем (кој се состои од зглобови, коски, мускули, лигаменти и тетиви). Додатоците во исхраната или употребата на функционална храна и пијалаци може да помогнат да се постигне превентивен ефект. Колагенот тип 1 и тип 2 е сè повеќе прифатен поради сè поголемиот број на научни докази.
Пептанот овозможува пристап до биоактивни колагенски пептиди кои значат поддршка на широк спектар на сврзни ткива и обезбедуваат директни здравствени придобивки кај целните ткива. Пептан IIm обезбедува конкретна поддршка на зглобовите (1-7)


