PEPTAN® КОЛАГЕНСКИТЕ ПЕПТИДИ ВИТАЛЕН ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА ЗА СПОРТСКА ИСХРАНА НА ХОЛАНДСКИТЕ ОЛИМПИЈЦИ

PEPTAN® КОЛАГЕНСКИТЕ ПЕПТИДИ ВИТАЛЕН ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА ЗА СПОРТСКА ИСХРАНА НА ХОЛАНДСКИТЕ ОЛИМПИЈЦИ

Помалку болки, подобри перформанси

Peptan® е водечки светски бренд за колагенски пептиди и е произведен од “Rousselot Health and Nutrition”. Неговите биоактивни колагенски пептиди се специјално развиени за да даваат повеќе здравствени придобивки и функционални својства. Бројни научни студии ја покажаа способноста на Peptan® да промовира здрав живот. Peptan® е чист, протеин од природно потекло, кој е сличен на колагенот во нашите коски, зглобови и кожа. Неговиот уникатен аминокиселински профил им нуди на корисниците високи нивоа на важните амино киселини глицин, хидроксипролин, пролин, аланин и аргинин. Тие придонесуваат за специфичните спортски нутритивни придобивки на овој производ. Потребните спортски тренинзи го ставаат мускулно-скелетниот систем под зголемен притисок, зголемувајќи го ризикот од истегнувања, исчашувања и други повреди. Во клиничка студија спроведена во партнерство со научниците од Универзитетот во Њукасл, се покажа дека Peptan® помага да се намали болката во мускулите предизвикана од вежбање и да ја поддржува поправката на мускулите, придонесувајќи за побрзо закрепнување после вежбање и подобрување на перформансите. [1] Покрај овие придобивки поткрепени со наука, колагенските пептиди на Peptan® се исто така 100% следливи, безбедни и се усогласени со Светската антидопинг агенција (WADA) што им дава на спортистите ефективно решение за закрепнување од спортски ппповреди на кое може да се потпрат.

Спроведени студии/тестови со холандски спортисти во Папендал

Како дел од тековно партнерство со Папендел, “Rousselot” тесно соработува со спортските нутриционисти, тренерите и спортистите со цел идентификација на оптималното ниво на внес на колаген за поддршка на спортските перформанси. На пример, во текот на 2018 година, “Rousselot” учествуваше во Eat2Move Relay Project 208, проект чија цел беше да создаде водич за најдобра практика за суплементирање на хдролизиран колаген за одбојкарите. Проектот вклучуваше анализа на податоци за ефектите од различните стратегии за суплементација на холандскиот национален одбојкарски тим, што помогна да се формира силна основа на податоците од „реалниот живот“ кои ќе се искористат за понатамошни истражувања во областа на спортската исхрана. [1]Clifford et al., ‘The effects of collagen peptides on muscle damage, inflammation and bone turnover following exercise: a randomized, controlled trial’, Amino Acids, no. 51, pg. 691-704.

назад кон врвот