Морски Колаген

raw-unprepared-semolina-flour-also-known-as-rava-powder-hindi-bowl-spoon-close-up-isolated-white-moody-background-selective-focus
sodium-benzoate-sodium-salt-benzoic-acid-food-additive-e211-preservative-pickling-agent

Морски Колаген

2.300 ден

Праќање до

Please log in to see delivery information.

Delivery
Free Shipping
Delivery:
Nov 21
Quantity

Опис

ШТО ТРЕБА ДА ЗНААТ ПОТРОШУВАЧИТЕ ЗА МОРСКИТЕ КОЛАГЕНСКИ ПЕПТИДИ

Здравствените придобивки од колагенските пептиди се познати со векови. Во последниве години, пронајдени се сѐ повеќе докази за нивната поддршка за убавината на кожата и косата, здравјето на зглобовите и коските и закрепнувањето во спортот.

КАКО СЕ СОЗДАВА МОРСКИОТ КОЛАГЕН?

Морскиот колаген се добива од кожата на рибите што живеат во океаните (див улов).

Откако ќе се отстрани месото од рибата, нејзините органи се чистат и се врши екстракција на колагенот.

ШТО СЕ МОРСКИ КОЛАГЕНСКИ ПЕПТИДИ?

Морските колагенски пептиди се добиваат со хидролизација на морскиот колаген.

Хидролизацијата значи дека долгите синџири на молекулите на колагенот се разложуваат на пократки нишки, кои полесно се апсорбираат во нашиот организам.

Морскиот колаген е класифициран како колаген од Тип 1. Колагенот тип 1 е најзастапената форма на колаген во телото и се наоѓа во тетивите, лигаментите, кожата, коските, забите, косата и ноктите.

ЗОШТО ДА КОРИСТИТЕ МОРСКИ КОЛАГЕН?

Телото има извонредна способност да произведува сопствен колаген – протеин кој ѝ дава на кожата еластичност и густина. Сепак, синтезата на колаген (процесот на комбинирање на различни аминокиселини и компоненти за создавање нов колаген) опаѓа како што старееме.

Се смета дека морскиот колаген го поддржува Вашето природно производство на колаген, со тоа што го поттикнува Вашето тело да ја зголеми сопствената синтеза на колаген.

Карактеристики

Peptan® морски колаген e производ со врвен квалитет добиен по француска технологија.

  • Содржи 100 % хидролизиран колаген Тип 1 (морски), без дополнителни додатоци.
  • Без адитиви и арома
  • Без конзерванси, вештачки бои и шеќери.
  • Без ГМО.
  • Без глутен.
  • Одлично се раствора дури и во студена вода.
  • Отпорен на топлина.

Алерген (риба).

Придобивки

  • Peptan® морски колаген може да биде особено корисeн за борба против брчките, борба против целулитот, подобрување на еластичноста и зголемување на нивото на влажност во кожата.
  • Mоже да доведе до зголемен раст на косата и ноктите и истовремено да ја намали нивната кршливост.
  • Може да го подобри квалитетот на сонот. Аминокиселината глицин, која се наоѓа во морскиот колаген, е поврзана со позитивно влијание врз квалитетот на сонот.
  • Исто така, се верува дека глицинот помага во одржувањето на нашата основна телесна температура, што може да помогне за подобар ноќен сон.
  • Обезбедува поддршка при вежбањe: колагенот во суштина е концентриран извор на глицин, кој му помага на телото да произведува креатин и може да помогне во поддршката на мускулната маса и вежбањето. Исто така, морскиот колаген содржи пролин, кој делува како антиоксиданс и помага да се следи оштетувањето на клетките што може да предизвика болка по тренингот.
  • Здравје на цревната флора. Морскиот колаген е добар за цревната флора бидејќи лесно се вари. Уште повеќе, неговиот аминокиселински состав, кој вклучува глицин и глутамин, може да го поддржи ткивото што го обложува дигестивниот тракт. Глицинот е поврзан со помагање при воспаление, а глутаминот е неопходен за здравјето на ентероцитите, или епителните клетки, кои го обложуваат гастроинтестиналниот тракт.
  • Здравје на коските. Морскиот колаген му овозможува на телото да апсорбира калциум, фосфор и други минерали. Ова се должи на неговата тесна поврзаност со остеобластите, клетките во нашите коски кои вршат синтеза и минерализација на коските. Остеобластите лачат колаген, создавајќи неминерализиран дел од коската наречена остеоид.
  • Ефикасна апсорпција. Бидејќи морскиот колаген содржи само колаген од тип I, се верува дека тoj се апсорбира во вашиот крвоток побрзо од производите што содржат истовремено колаген од типот I и III.
  • Одржлив извор на колаген. Морскиот колаген потекнува од рибен отпад кој доколку не би се користел како суровина за добивање морски колаген, би бил отфрлен како нуспроизвод на рибарската индустрија. Ова го прави морскиот колаген најодржлив, еколошки извор на колаген.
  • Риболовните практики зад овој производ се правилно управувани и одржливи. Одржливиот риболов значи дека популацијата на рибите во океаните се одржува на здраво и продуктивно ниво, влијанието на риболовот во животната средина е минимизирано, околните екосистеми се почитуваат и луѓето кои зависат од риболовот можат да ја одржат својата егзистенција.

Нутритивни Вредности

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ / NUTRITIONAL VALUES
Опис / DescriptionВредности на 100 гр. / Results per 100g
Енергетска Вредност / Energy value360 Kcal
1530 KJ
Протеини / Proteins90 гр./g
Јаглехидрати / Carbohydrates0 гр./g
од кои шеќери / of which sugars0 гр./g
Масти / fats0 гр./g
од кои заситени / of which saturated0 гр./g
Натриум Хлорид / Sodium Chloride0.78 гр./g

Начин на употреба

Peptan® морски колаген тип 1 е лесен за употреба и е совршен за оние што сакаат едноставен и иновативен начин на консумација, кој е приспособен на Вашиот секојдневен начин на живот.

Може да се употребува во кој било дел од денот, пред, со или после јадење.

Една супена лажица (8гр) на ден се меша во било каков пијалок, вода, чај, кафе, смути. Се препорачува да се конзумира минимум три месеци.

Peptan® морски колаген тип 1 може лесно да се вклопи во секакви рецепти што ви се допаѓаат. Без разлика дали се додава во супа, топло чоколадо или во домашна торта, ќе уживате во истите придобивки за Вашето здравје.

Количината од 250гр е препорачана месечна доза.

Кошничка (0 производи)
  • Вашата кошничка е празна Browse Shop
Кошничка (0 производи)
  • Вашата кошничка е празна Browse Shop